Премиерот на Србија Вучиќ во Москва

Премиерот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Русија Владимир Путин, Москва, 26.05.2016.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ денеска во Москва треба да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин. До ова доаѓа пред претседателските избори во Србија закажани за 2 април, на кои кандидат е и Вучиќ. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков во петокот ја потврди средбата на Вучиќ со Путин, но не наведе детали. Во делегацијата со Вучиќ ќе бидат и министрите за одрбрана и за труд Зоран Ѓорѓевиќ и Александар Вулин.