Вучиќ утре се среќава со Путин

Српскиот премиер Александар Вучиќ во посета на Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, 26 мај 2016.

Српскиот премиер Александар Вучиќ соопшти дека утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата се гледа како обид за зајакнување на позициите на Вучиќ во пресрет на претседателските избори во Србија закажани за 2 април, на кои и тој е кандидат со најголеми шанси за избор. Дел од медиумите јавуваат дека Вучиќ ќе се обиде да го финализира договорот со Путин за испорака на шест борбени авиони МИГ-29 во пресрет на изборите.

Поранешниот ултранационалист, а сега проевропски реформатор, Вучиќ се обидува да маневрира меѓу односите на Србија со Западот и зајакнувањето на односите со Русија. Белград изрази желба за продлабочување на односите со НАТО, истовремено засилувајќи ги своите воени врски со Русија, што ги загрижува соседите, особено Хрватска и Босна и Херцеговина. Иако претседателската технички има помалку моќ од сегашната премиерска позиција, 46-годишниот Вучиќ веројатно неформално ќе ја задржи моќта преку лидерството на најголемата Српска напредна странка. Вучиќ е фаворит на изборите и ќе се обиде да победи во првиот круг, искористувајќи за расцепканоста на опозицијата.