Деца цртаат македонски знамиња на настанот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Градскиот парк во Скопје. Организаторите за денеска најавија музика, млади и позитивна енергија, оти , како што велат, така се сака Македонија.
Во организација на „За заедничка Македонија“ во Скопје и во градовите во Македонија четири недели се протестира против прифаќањето на, како што ја нарекуваат Тиранската платформа и за, како што велат, заштита на унитарноста на државата. За викендите нема протестни маршеви, туку се организираат музички или спортски манифестации.