Со багери и транспаренти против тиранска влада, демонстантите на иницијативата за „Заедничка Македонија и вечерва маршираат на истата рута од Владата до Собранието на Македонија. Илјадници граѓани веќе четврта недела протестираат во Скопје и други градови во земјата. Тие се противат на воведување на двојазичност во државата и како што велат тоа води до федерализација и растурање на земјата. Демонстрантите денеска побараа претседателот на Собранието да ја осуди и отфрли тиранската влада.