Нов претседател на Собранието на Република Македонија ќе биде кандидатот на ДУИ Талат Џафери, потврди портпаролот на ДУИ Бујар Османи посочувајќи оти така било одлучено по направени внатрешни анализи и консултации со другите политички партии. Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и поранешен министер за одбрана и затоа сметаме дека ефикасно ќе ја извршува обврската претседател на Парламентот во услови на големи дивергенции во институцијата, вели Османи. Тој додава дека следната недела ќе започне процедурата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието.