35 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди во Македонија во 2016 година, покажуваат податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата, додека 871 биле повредени. Ниската сообраќајна култура, лошите навики, отсуство за свесност за учество во сообраќајот, ниско познавање на сообраќајните правила се причините поради кои страдаат пешаците, се вели во податоците на РСБСП.