Твитер блокирал уште над 370 илјади сметки за „промовирање тероризам“

Твитер соопшти дека блокира 376.890 сметки во втората половина на минатата година за „промовирање тероризам“. Тоа е за 60 насто повеќе од претходниот полугодишен период. Твитер, Фејсбук и другите социјални мрежи се под притисок на владите во светот да ги блокираат милитантите кои ги употребуваат нивните платформи за регрутирање луѓе и за организирање напади.