Секој останува на своето и по средбите со Хан

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ очекува да го добие мандатот за состав на влада од претседателот Ѓорге Иванов, додека ВМРО-ДПМНЕ бара или откажување од албанската платформа или нови избори. Партиите на Албанците бараат институционален излез од кризата. Сите претседатели на парламентарните партии, освен лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска во Собранието се сретнаа со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски единствен не покани сниматели и не даде изјава после средбата со Хан. Наместо него, на медиумите им се обрати пратеникот Антонијо Милошоски.