Хан: Часовникот отчукува, потребно е лидерство наместо тактика

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јохаес Хан ја заврши средбата со лидерот на БЕСА, Биљал Касами, а во моментов разговара и со претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. Хан во меѓувреме на социјалната мрежа Твитер упати порака дека отчукува часовникот за Македонија.

„Почнаа разговорите. Итно е потребна нова влада за да спроведе реформи. Нема време за губење! Патот за Скопје кон ЕУ е отворен по последниот состанок на Советот на ЕУ. Но часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактика. Економијата трпи“, напиша Хан на Твитер.