Општина Центар-на кејот "13 Ноември" нема да се гради улица

Архивска фотографија-градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски

Советниците на општина Центар со 12 гласа „за“ донесоа одлука за изглед на градба, пешачки улици и патека на кејот „13 Ноември“, на потегот од улицата „Филип Втори Македонски“ до објектот на Телеком.

Како што соопшти општина Центар, на овој потег нема да се гради улица и според програмата на општината ќе биде поставено зеленило, клупи, чешми и жардиниери со дрвја кои би имале функција на дрвореди.

Советниците од коалицијата предводена од СДСМ, како што се наведува, го задолжиле Секторот за инспекциски работи на општина Центар да спроведе инспекциски надзор за преземените градежни активности на терен, на потегот од улицата „Филип Втори Македонски“ до Камениот мост.