Холандската полиција со водени топови се обиде да го растури собирот на стотици приврзаници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во близина на турскиот конзулат во Ротердам.Демонстрантите неколку часа протестираат откако ескалираа тензиите меѓу Турција и Холандија.
По веста дека министерот за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја го напуштила Ротердам, без да може да зборува пред Турците во Холандија, демонстрантите повторно стигнаа до конзулатот и почнаа да фрлаат разни предмети по полицајците. Во одговор полиција употреби сила и уапси неколку демонстранти.
Холандија спречи два министри од турската влада да одржат митинг во Ротердам за поддршка на референдумот кој ќе биде спроведен следниот месец, а со кој ќе се зголемат надлежностите на претседателот.