Ердоган и се закани на Холандија дека ќе возврати со иста мера

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе возврати со иста мера откако Холандија забрани слетување на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој требаше да пристигне на митинг во Ротердам.Ердоган реагираше жестоко употребувајќи го зборот „нацисти“ против Холандија, односно членовите на холандската влада ги нарече „потомци на нацистите“.

Ова е втор пат да го стори тоа, претходно ја обвини Германија, уште една земја членка на НАТО, за нацистички практики поради повелкување на дозволата за турската кампања за референдумот со кој сака да ги прошири своите претседателски овластувања. Холандската влада денеска го забрани слетувањето на турскиот авион, со образложение дека стравува оти престојот на Чавушоглу во Ротердам би можел да ги „загрози јавниот ред и безбедност“.

„ Денеска одам за Ротердам. Ќе и воведеме строги санкции на Холандија, ако ја спречи посетата,“ изјави претходно Чавушоглу.