Полицијата во Москва уапси четири активистки кои на Денот на жената на ѕидот на Кремљ се обиделе да обесат банер на кој пишувало „Мажите на власт веќе 200 години„ „Доста со тоа“. Активситките денеска биле уапсени заедно со двајца дописници и еден фотограф од независниот весник „Новаја газета“, кои го покриваа протестот.
Меѓународниот Ден на жената беше страсно прославуван во Советскиот сојуз, а исто така се празнува и во Русија. Одбележувајќи го празникот рускиот премиер Дмитриј Медведев ја одобри пет-годишната стратегија за поддржување на интересите на жената подготвена од страна на Министерството за труд.
Претставниците велат дека планот кој повикува на мерки за подобрување на положбата на жените во политичката, економската, социјалната и културната сфера, ќе биде спроведен во периодот од 2017 до 2022 година.