ВМРО ДПМНЕ бара нови избори за да се гласа и за платформата

ВМРО-ДПМНЕ,амблем

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое ги повикува СДСМ и Зоран Заев доколку се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, да прифатат распишување нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана.

Партијата во своето соопштение потенцира дека на декемвриските избори граѓаните не биле запознаени за платформата од Тирана. Таа или која било платформа изготвена во туѓа држава не може и не смее да стане услов за формирање на влада во Република Македонија, наведуваат ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое додаваат дека СДСМ е уценет за да ја прифати платформата и да работи на изнаоѓање начини таа да се реализира.

Според нив помалку е важно со што е уценет Зоран Заев и СДСМ. - Многу поважно, наведуваат, е да се спречат последиците од уцената и спроведувањето на платформата кои ќе значат редефинирање на Македонија и носат ризик за да предизвикаат тензии.