Прекинат штрајкот на железничарите

Архивска фотографија: Жена на железничката станица Битола

Возовите од денеска повторно сообраќаат по две недели штрајк на железничарите, откако вчера попладне беше постигнат договор меѓу вработените и управата на Македонски железници. Според договореното со вработените, како што рече в.д директорот на МЖ Транспорт Игор Коруноски , следната недела ќе биде исплатена втората половина од јануарската плата, а на машиновозачите им е исплатен и хонорарот за поминат километар за февруари. Тој изрази надеж дека до крајот на месецот ќе ја исплатат и февруарската плата.

Патничкиот и товарниот сообраќај беше целосно блокиран поради штрајкот на вработените, а оставка даде и генералниот директор Никола Костов. Владата и стопанството бараа да се прекине протестот поради штетите кои се трпат, додека вработените си ги бараа своите плати.