Новинарот и уредник од интернет порталот Новатв, борјан Јовановски попладнево бил нападнат во еден скопски ресторан. На неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук тој напиша дека инцидентот се случил додека бил на ручек со негов колега.
“Неочекувано до масата пристапи едно детуле кое се уште не си ни бричи. Малолетно. Ми се обрати со зборот "предавник". Прашав дали воопшто знае што зборува..а тој ме плукна в лице и замина. Детето е злоупотребено. Нарачателот ми е познат бидејќи беше присутен во ресторанот Воденица. Пораката е примена. Инспираторот е исто така познат..Миленко Неделковки. Кратко да завршам..двајцата ќе одговарате а од мојот патриотизам и љубов кон демократска и европска Македонија нема нема да ме одвратите” напиша Јовановски.
На социјалните мрежи беше објавено и видео на кое се гледа инцидентот. Вчера помлади луѓе звоена на вратата и на новинарот Бранко Тричковски, а од кога тој им отвори извикаа предаваник и се обидоа да ја задржат вратата која тој ја затвораше. И за тој инцидент беше објавено видео од самите извршители.