Институционалната и системска криза не смее да се претвори во етничка, порачал претседателот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини. Како што стои во партиското соопштение, Ахмети додал дека ДУИ ќе остане посветена на постигнување политичко решение. Воедно нагласил дека приротети на ДУИ се владеењето на правото и законот, веродостојни институции, заокружување на Охридскиот договор, добри меѓуетнички и добрососедски односи, како и интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. "Могерини изрази вреднување за конструктивната улога и нашиот пристап во оваа сериозна криза истакнувајќи дека Европската Унија е со нас во напорите за решавање на кризата, и ја истакна потребата за продолжување нашиот дијалог", се вели во соопштението од ДУИ.