Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини ги повтори јавно изнесените ставови на Европската комисија за актуелните теми и области, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено по средбата.
„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата на премиерот на Албанија Рама од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство“ се наведува во соопштението.
Во него пишува и дека на средбата бил истакнат фактот за нарушување на принципот за коалицирање на "победник со победник" по изборите и повторно навеле дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека спроведувањето на брзи избори е најдобриот начин за стабилност и надминување на политичката криза.