Руското Министерство за надворешни работи во денешната реакција на ситуацијата во Македонија, како што јавува руската новинска агенција Интерфакс, бара запирање на мешањето однадвор во внатрешните работи на Македонија. „Тековните деструктивни обиди од надворешни шеми кои се контрадикторни со волјата на македонските гласачи само можат да ја влошат ситуацијата во земјата. Неопходно е да запре надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија и да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да решаваат за нивната иднина во согласност со фундаменталните демократски принципи“, се наведува, меѓу другото, во изјавата на руското министерство за надворешни работи.