Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер претпладнево на социјалната мрежа Твитер напиша дека е загрижен за развојот на настаните во Скопје.
„Резултатите од декемвриските избори се солидна основа да се формира влада која ќе им служи на интересите на сите граѓани. Владеењето на правото море да надвладее. Ќе го посетам Скопје следната недела, ќе се сретнам со официјални лица, политичари и граѓанското општество“ напиша Заниер во два одделни твита.
Ваквата реакција на првиот човек на меѓународната организација следува откако вчера претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не му го даде мандатот на претседателот на СДСМ Зоран Заев кој собра 67 пратенички потписи како доказ дека има обезбедено мнозинство.