Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук напиша дека политичките случувања во Македонија се загрижувачки. Тој вели дека претседателот Ѓорге Иванов го злоупотребил Уставот и законите во неговиот „непријателски, антиалбански пристап кон народот што сочинува една третина од жителите на оваа држава“.
„Со својата одлука, претседателот Иванов ја погреба демократијата, не признавајќи ја на тој начин волјата на граѓаните, Уставот и законите и го погреба Охридскиот договор. Албанците и Македонците се народи кои учествуваат во изградбата на државата и Македонија треба да биде држава на сите нејзините граѓани. Без еднакви права на Албанците и Македонците се губи смислата на функционирањето на државата Македонија. На крајот, Албанците треба да ја земат судбината на своите права во свои раце“, напиша Тачи.