Бејли - Македонија се оддалечува од принципите на демократијата

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост дека Македонија ги напушта принципите на демократијата и владеењето на правото, кои се суштински вредности на НАТО, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не му го додели мандадот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Се согласувам со еврокомесарот Јоханес Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и на владеењето на правото, суштински вредности на НАТО“, напиша Бејли на Твитер, споделувајќи ја синоќешната порака на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој напиша дека „во една демократија, парламентарното мнозинство мора да биде признаено, дури и ако тоа не му се допаѓа некому.“