По одлуката на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов дека нема да му го довери мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети на својот фејсбук профил оцени дека „Заедничката Декларација“ на албанските партии во ниту една форма не го загрозува унитарниот карактер, ниту пак станува збор за федерализација или поделба“. Тој им порача на граѓаните да ја сочуваат ладнокрвноста и да не потпаднат на однапред подготвени сценарија. „Ова е политички проблем за кој политичките партии и институциите треба да најдат најдобро решение за граѓаните“, пишува Ахмети. Движењето БЕСА пак ја повикува меѓународната заедница, САД и ЕУ да интервенираат за враќање на правната држава, како и за враќање на државата по евроатлантскиот пат. Движењето БЕСА повикува на умереност и посебно внимание во овие моменти.