Хан - Парламентарното мнозинство мора да биде признаено

„Сите лидери, вклучително и претседателот мора да го почитуваат исходот од неодамнешните избори“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во врска во последните случувања во Македонија.

Тој во следната порака напиша дека „Во една демократија, парламентарното мнозинство мора да биде признаено, дури и ако тоа не му се допаѓа некому.“

Потоа Хан на својот твитер профил напиша дека очекува од сите лидери и институции да дозволат да течат демократските процеси во интерес на сите граѓани.

Хан се огласи на социјалната мрежа Твитер по одлуката на претседателот Иванов да не му го додели мандатот на Зоран Заев, кој достави доказ дека собрал потписи од 67 пратеници за да состави влада.