Земјоделци од Пелагонија одржаа мирен протест на влезната крстосница во Битола и порачаа македонските партии да ја отфрлат Платформата на албанските партии.
Според Васко Јосифовски земјоделец од општина Могила, блокадите со трактори ќе продолжат и ќе се одвиваат се додека не биде повлечена албанската платформа.
Протестираа и земјоделци од Свети Николе. Тие денеска со трактори го блокираа патниот правец Штип - Скопје во близина на фабриката за месни производи МИК. Блокада траеше половина час, а е резултат на последните политички случувања во земјава. Земјоделците велат дека не сакаат никој да експериментира со македонските национални чувства, а, како што велат, дополнителното усложнување на и онака сложената состојба, ја доведува во прашање нивната егзистенција.