МВР го осудува насилството и апелира на разумност

Mинистерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

МВР го осудува насилството кои се случи во текот на вчерашниот ден и апалираат на разумност. На прес конференција, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, рече дека ќе ги употребат сите капацитети за да го расчистат насилството. Во текот на вчерашниот ден во неколку наврати имало напади и тепачки, кои завршиле со пет повредени, од кои дел се задржани на лекување. Министерот апелираше граѓаните да се воздржат од насилство и да не го нарушуваат правниот поредок и уставните вредности.

„Граѓаните имаат право да протестираат на демократски начин и да ги изразат своите ставови, а законот за јавен ред и мир мора да се почитуваа“, вели министерот за внатрешни работи.

Јордан Ламаноски, помошник министер за односи со јавност во МВР, на прес конференцијата соопшти дека вчера првин се нападнати новинар и снимател на порталот А1он, кои завршија во болница. Тие биле нападнати од зад грб додека извршувале работна задача за време на протестот во организација на движењето „За заедничка Македонија“.

Потоа пред Народна банка е нападнато едно момче од група младинци, а потоа истата група нападнала уште шест други малолетници. Од овој напад две момиња завршиле во болница, а едно е задржано на лекување. Имало и насилството во автобус на ЈСП со број 58. Група малолетници нападнало едно 17 годишно момче, а било скршено и стакло во автобусот. И ова момче е однесено во болница.

МВР работи на расчистување на овие случаи. Повикани се повеќе луѓе на сослушување во врска со овие случаи. Што се однесува до нападот на новинарската екипа, на разговор во полиција се повикани 12 луѓе за да се пронајдат двајцата напаѓачи на новинарот и снимателот. Запрашан дали еден од тие кои се повикани на разговор, работи во градското Собрание, Ламановски вели дека во овој момент не може да даде повеќе детали.

На прашањето пак - Зошто на Шарена револуција имало водени топови и толку полиција, а сега нема, министерот одговори дека се работи според закон. Тој додава дека во планот за мерки и активности се прави безбедносна проценка.

„МВР е спремно да ги преземе сите мерки и активности во рамки на поголемо или помало нарушување на јавен ред и мир. Беа ангажирани и полициски возила и ставени во приправност во непосредна близина на местото на настанот“, вели министерот.