Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини со денешните резаговори во Подгорица ја почнува турнејата по земјите од Западен Балкан во текот на која покрај Црна Гора ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Македонија. Целта на турнејата е запознавање со ситуацијата во регионот пред најавениот самит на Европската унија посветен на Западен Балкан што треба да се одржи на 6 март.