Синдикатот на новинарите и медиумските работници ССНМ бара полицијата во најкраток можен рок да ги пронајде напаѓачите и да го расчисти нападот врз новинарската екипа на „а1.он“ на протестот организиран од иницијативата „За заедничка Македонија“.
Синдикатот осудувајќи го инцидентот наведува дека ова не е прв пат да се тепаат новинари и дека казнувачите остануваат неказнети. ССНМ истакнува дека инцидентот е резултат на говор на омраза преку медиумите и социјалните мрежи и дека тоа се сели на улиците.