Нападнати новинари на протестот „За заедничка Македонија“

Собир пред владата на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ 28.02.2017

По завршувањето на протестот на граѓанската иницијатива „За заеднича Македонија“ со тупаници и со клоци од зад грб биле нападнати новинарите на веб порталот А1он.

Уредникот на порталот Предраг Петровиќ вели дека новинарите Влатко Желчевски и Александар Тодевски во моментов се наоѓаат во ургентниот центар и како што посочува немало причина за нивниот напад. Во нападот била скршена и камерата во сопственост на порталот.