Руската полиција го претресува станот во Москва на новинарката и активистка за човекови права Зоја Светова поради врски со организација на Михаил Ходорковски „Отворена Русија“, која е протривничка на Кремљ, велат нејзини колеги.
Адвокатката Ана Ставитскаја денеска на Фејсбук напиша дека истражител и десет други луѓе пребарувале во домот на Светова, вклучително преглед на нејзините компјутери, а било поврзано со континуиранта истрага на Ходорковски и поранешни претставници на нафтената компанија Јукос, на чие чело беше тој. Јукос беше продадена на аукција, откако Ходорковски беше уапсен за финансиски криминал во 2003 година. Ходорковски беше помилуван од страна на претседателот Владимир Путин откако отслужи 10 годин затвор, по што ја напушти Русија.