Поддржувачите на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија се собираат пред Владата на Република Македонија. Протестот беше најавен на социјалните мрежи под мотото „Црвената линија ја поминавте. Црвено-жолтата, не“.
На денешната прес конференција членови на здружението објавија проглас во кој се бара од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на државата. Од политичките партии бараат и да не прифаќаат платформи кои, како што се наведува се создадени за туѓи интереси, во туѓи држави и без изборен легитимитет, чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме.
Од Владата демонстрантите ќе се упатат накај Собранието, каде е предвидено да заврши протестот.