СЈО со жалби за паричните казни за Јанева и Фетаи

Специјалните јавни обвинителки Фатиме Фетаи и Катица Јанева пред Кривичниот суд во Скопје по судење за „шамарите“ за Жерновски.

СЈО соопштии денеска дека поднело жалби до Основниот суд Скопје 1 против одлуката на Судот со која на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи им беа изречени парични казни на рочиштето за насилството во општина Центар.

„Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“, изјави Јанева.

Од СЈО посочуваат и дека поднеле претставки против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти за утврдување нестручно и несовесно вршење на судската функција. Од обвинителството укажуваат и на несоодветната соработка на Здружението на јавните обвинители, бидејќи им е оневозможено да присуствуваат на Годишното собрание на здружението.