НАТО повикува на воздржаност и целосно спроведување на обврските од договорот од Пржино. Во соопштението од алијансата е наведено дека, спроведувањето на пржинскиот договор е рамка за одржливо решение за излез од долготрајната политичка криза во земјата, јавува македонската новинска агенција МИА.
„Декемвриските избори во 2016 година беа забележани од страна на меѓународните набљудувачи како суштински чекор во решавање на кризата. Тие беа оценети дека се добро организирани и без поголеми инциденти. По еден обид да се формира влада, сега е објавено дека, во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи на пратениците“, се наведува во соопштението на НАТО.
Во продолжение на соопштението е наведено дека е неопходно во овој период политичарите да покажат воздржаност.
„Ги повикуваме сите страни да се воздржат во своите изјави и дејствија и да донесат одлуки за доброто на сите граѓани“ се вели во соопштението.