Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, собири низ неколку градови

Архивска фотографија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во партиското седиште во Скопје

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседава и ги разгледува најновите случувања околу актуелната состојба и понатамошните чекори кои ќе се превземат. Пред почетокот на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мане Јаковлевски, еден од основачите на партијата најави дека нема да дозволат некој да ја „разнебитува“ државата.

„Нема по ниедна цена да дозволиме разнебитување на нашата држава Македонија. Ако во 1990 година ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ за да имаме самостојна независна држава, ни по цена на нашите животи нема да прифатиме некој денес на маса да ни ја разнебитува Македонија“, изјави Јаковлевски.

Според него, опцијата ВМРО-ДПМНЕ да биде во опозиција е неприфатлива и за таа опција не размислуваат.

„Не размислуваме да бидеме опозиција зашто ние сме победници. Со оглед на тоа колку пари се потрошија, со какви манипулации го залажуваа народот за ВМРО-ДПМНЕ да не ги добие изборите, ние сепак победивме и сме победничка партија“, вели тој.

Во дел од медиумите проструи информација дека ВМРО-ДПМНЕ испрати проглас до општинските комитети на партијата во градовите низ Македонија, а во кој од нив побара да застанат во одбрана на националните интереси на Македонија.

На социјалните мрежи и во дел од медиумитекружат фотографии пред општински комитети низ државата каде се собираат членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Собири се оддржаа во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и други градови.

Во меѓувреме ДУИ заседава во Мала Речица. На Цетралното претседателство на партијата се разгледуваат две опции. Едната е останување на партијата во опозиција со давање на подршка на малцинска влада, а втората е учество во владина коалиција, изјави денеска портпаролот на партијата Бујар Османи.