Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред денешната седница на централното претседателство на партијата што се одржува во седиштето во Мала Речица најави дека ќе разговарале за неколку опции. На новинарско прашање дали за опцијата за коалиција, тој кратко одговори.
„За опозиција да остане ДУИ“ рече Ахмети.
Денешната седница на централното претседателство следува како продолжение на завчерашната. На неа беше заклучено дека е усогласен законот за јазици меѓу ДУИ и СДСМ и дека со тоа, како што беше оценето од двете страни, е надмината важна препрека. Тогаш претседателството го овласти Ахмети да донесе одлука за потписите на 10-темина пратеници за поддршка на претседателот на СДСМ Зоран Заев во неговата намера да го добие мандатот за составување нова влада.
Заев, пак, вчера од Сараево изјави дека се обезбедени се потписите за добивање на мандатот и дека веќе се усогласени идната владина програма, платформата на СДСМ, платформата на албанските партии и законот за употреба на јазиците. Според него останувало уште со претседателите на другите партии да се договорат за ресорите во владата.