Продолжува состанокот на Централното претседателство на ДУИ

Централното претседателство на ДУИ денеска, според најавите, треба да заседава во Мала Речица во врска со преговорите со СДСМ за формирање нова влада. Вчера портпаролот на партијата Бујар Османи изјави дека со усвојувањето на предлогот за измена на законот за употреба на јазиците е завршена една важна фаза меѓу ДУИ и СДСМ, но оти остануваат уште прашања за усогласување доколку се решат на заедничко владеење. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, изрази увереност дека за 10-15 дена ќе има нова Влада предводена од СДСМ. Тој рече дека најзначајните прашања за идната влада се усогласени и оти останува само со претседателите на другите партии да се договорат за ресорите, за кадрите во новата влада.