Османи: Една препрека надминавме, но има уште отворени прашања

Седница на Централното претседателство на ДУИ. .

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи изјави дека е завршена една важна фаза меѓу ДУИ и СДСМ, но дека остануваат уште прашања за усогласување доколку се решат на заедничко владеење.

„Ќе треба да се усогласат платформите на партиите за целиот мандат, има и прашања кои партии ќе бидат во коалиција, има прашања кои треба да се разговараат... Затоа ова вчера што се случи, не значи по автоматизам поддршка за формирање влада, туку само надминување на една важна препрека од процесот“, рече Османи на прес-конференција во партиското седиште во Чаир.

Османи вели дека не даваат мандати на никого, туку разговараат за да постигнат договор.

Вчера Централното претседателство на ДУИ го усвои текстот на законот за употреба на јазиците, а од утре почнува усогласувањето на другите делови од платформата.

„Може хипотетички да се постогне договор за сите прашања, а може тоа и да се одложи и да се појават нови околности, кои што бараат поддршка пред донесување договор“, рече Османи.

Тој вели дека се внимателни во процесот да не остават отворени прашање, затоа што,како што вели, целата ситуација е комплицирана и не сакаат да придонесат кон продлабочување на кризата.