Централното претседателство на ДУИ по 7- часовна расправа ги прифатило измените во законот за употреба на јазиците, јавија повеќе медиуми, повикувајќи се на партиски извори. Дадено е овластување преговарачите да ги допрецизираат деловите кои се незавршени, заедно со тимот на СДСМ.
Претседателството го овластило лидерот на партијата Али Ахмети да донесе одлука за потписите на 10-темина пратеници за поддршка на претседателот на СДСМ Зоран Заев во неговата намера да го добие мандатот за составување нова влада.
Според партиски извори, состанокот на централното претседателство ќе продолжи утре.