Реакција од Основниот суд за однесувањето на Јанева и Фетаи

Основен суд Скопје 1

Основниот суд Скопје 1 во денешното соопштение наведува дека односот на јавните обвинители од СЈО Катица Јанева и Фатиме Фетаи во судницата на судењето за случајот со предизвикување насилство во општината Центар било крајно непрофесионално и дрско и со тоа бил погазен секој принцип од кодексот на јавно обвинителска етика. Како што се наведува во соопштението очигледна била намерата на обвинителките да ја исполнат нивната цел и да одглумат некаква улога и покрај тоа што немало услови да се одржи рочиштето поради неприсуство на неколку обвинети.

Од овие причини судчекиот судија, согласно член 7 од Законот за СЈО, а во врска со член 361 од ЗКП, донел одлука предметот целосно да го достави до Советот на Јавни обвинители да се признесе околу однесувањето на јавните обвинители од ова обвинителство, се вели во соопштението од Основниот суд

Инаку денеска судењето на поранешниот премиер Никола Груевски и десетина други луѓе во случајот во предизвикување на насилство во Општина Центар беше одложено за 10 март, затоа што дел од обвинетите не беа присутни.