Aхмети - наскоро ќе донесеме важна одлука

Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Мала Речица изјави дека не разговарале за потписи, туку за разликите кои ги имале со СДСМ.

"Употребата на албанскиот јазик со устав е загарантирана. Деновиве ќе го свикаме Централното претседателство за да донесеме важна одлука. Во меѓувреме, очекуваме експертите да најдат решенија, изјави Ахмети пред седиштето на ДУИ.

Претходно, лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со Ахмети во Мала Речица изјави дека ги чека потписите за формирање влада, но дека Уставот нема да се менува. Тој потенцираше дека СДСМ и ДУИ се согласни законот за употреба на јазиците да произлезе од Уставот.