Благоја Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, побара денеска да се исплатат неисплатените плати на вработените во Македонски железници. Според него, причина за прекинот на сообраќајот се неодговорните политики на власта којашто ги оставила вработените во Македонски железници без плати, а граѓаните без превоз.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека СДСМ имала доволно време додека била на власт да покаже грижа за вработените во железницата, но наместо ја опустошила цела железница и компанијата ја оставила на цедило. Од партијата порачуваат и дека заеднички со менаџментот на двете компании во најбрз можен рок ќе се изнајде решение за надминување на состојбата.