Во пресрет на утрешниот штрајк на вработените во МПМ, оваа компанија доби нов сопстевеник, јавува интернет порталот НОВАТВ. Според документите од Централен регистар, компаниите „Орка Холдинг“ управувана од Јордан Камчев и компанијата „Интернет Инвестмент Груп“ чиј што сопственик е Јана Станисаљева излегоа од сопственичката структура на „Графички центар ДОО“, долгогодишен сопственик на Македонија Медиа Принт (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, порталот „Телеграф“, магазинот „Теа модерна“.
Според тековните состојби издадени од Централниот регистер, сопственици на МПМ се „Мирекс Плус“ и „Телеграф“, во сопственост на Срѓан Ќерим.
Вработените во весниците на МПМ од утре стапуваат во штрајк откако не ја добиле јануарската плата во предвидениот рок кој како услов му го доставија на менаџментот. Според најавено нема да работат 4 часа и со транспаренти ќе ја заобиколат канцеларијата на МПМ.