ВМРО-ДПМНЕ демантира дека ДУИ има писмени гаранции

Седиштето на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека им дале писмени гаранции на ДУИ за време на преговорите.

„Никогаш не биле побарани ниту, пак, се дадени некакви гаранции од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон ДУИ. Разговорите што ги водеше ВМРО-ДПМНЕ беа на принципиелна основа тргнувајќи од интересите и определбите на партијата. Во повеќе наврати објаснивме зошто не дојде до договор, но за некакви гаранции побарани од ДУИ воопшто не стана збор. Впрочем и од ДУИ знаат дека доколку ВМРO-ДПМНЕ даде согласност околу нешто, тоа се реализира“, е наведено во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Рафиз Алити од ДУИ претходно за телевизијата Телма изјави дека неговата партија добила писмен документ и од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, од ВМРО-ДПМНЕ се согласиле со сите нивни барања од платформата, освен за продолжување на мандатот на СЈО, што било и главна пречка за коалицирање на двете партии.