Рафиз Алити од ДУИ за телевизијата Телма изјави дека неговата партија добила писмен документ и од ВМРО-ДПМНЕ за време на преговарачкиот процес. Според него, документот бил прочитана на средбата на Централното претседателство на ДУИ и во него била наведена распределбата на министерски места меѓу двете партии во новиот состав на идната влада.
Од ВМРО ДПМНЕ, како што наведува Алити се согласиле со сите нивни барања од платформата, освен за продолжување на мандатот на СЈО, што било и главна пречка за коалицирање на двете партии.