Антивладини протести во Црна Гора

Лидерот на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ.

Поддржувачи на опозицискиот Демократски фронт денеска протестираа пред црногорското Собрание, кое денеска треба да одлучи за одземањето на имунитетот на лидерите на партијата, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ. Тие се осомничени за вмешаност во организирање на терористички напади за време на изборната ноќ минатата година. Опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот од вонредните парламентарни избори на 16 октомври во 2016 година. Пред Парламентот се и Мандиќ и Кнежевиќ.