Белата куќа: Трамп очекува Крим да и биде вратен на Украина

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп очекува Русија да и ја врати контролата на Украина врз Крим. Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер ова го изјави на прес конференцијата во Вашингтон која главно беше посветена на оставката на советникот за национална безбедност Мајкл Флин.