Американската армија соопшти дека руски воени авиони деновиве летале во близина на американски борбен брод на Црно море во, како што се наведува, „небезбеден и непрофесионален маневар“. Ова е прв ваков инцидент откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата. Русија демантира дека такво нешто се случило. Според американски воени претставници, станува збор за три поединачни слуачи во кои биле инволвирани авиони од типот Су 24 и Ил 38.