СДСМ ги достави писмените гаранции до ДУИ,кој ги побара лидерот Али Ахмети како услов да ги даде своите потписи на Зоран Заев, потврдуваат извори одСДСМ. Од двете партии засега нема конкретни информации што содржат доставените материјали.
Меѓутоа од СДСМ велат дека документот овозможува веднаш да бидат собрани потребните потписи со цел мандатот за состав на владата да го добие претседателот Зоран Заев.
Како што претходно изјавија од ДУИ, тие откако ќе ги добијат писмените материјали од СДСM ќе свикаат средба на Централното претседателство и ќе одлучат за понатамошни чекори.
Ахмети денеска се сретна со амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние на кој му кажал дека во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ нивни приоритети се заокружување на Охридскиот Договор, владеење на правото, добрососедски односи, економски развој и евроатланска интеграција.
Ставот на ВМРО ДПМНЕ е дека за излез од актуелната политичка ситуацијата потребни се нови избори.