Со транспаренти „СЈО против Македонија“, „СЈО слуги на Заев“, „Зошто го браните ПУЧ?, граѓани и партиски членови и симпатизери на ВМРО - ДПМНЕ, денеска одржаа протест пред Секторот за внатрешни работи во Охрид. Протестите, како што соопштија, се поради повикувањето на информативни разговори на членови на партијата, на барање на СЈО во врска со финансирањето на партијата и личните донации при изборите во 2014 година. Демонстрантите сметаат дека однесувањето на СЈО е неприфатливо и селективно и бараат негово распуштање.