СДСМ и ДУИ денеска преговараа за формирање на влада. Разговорите се одржаа на неутрален терен во хотелот „Холидеј Ин.“
По завршување на средбата потпретседателката на ДУИ Теута Арифи изјави дека на маса ги доставиле нивните барања. Таа рече дека со СДСМ имале конструктивни разговори и дека последниот збор го има претседателството.
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска изјави дека со ДУИ разговарале за тоа како да излезат од ситуацијата која ја наметнал Претседателот Ѓорге Иванов.
Таа рече дека на оваа средба не се разговарало ништо конкретно и дека преговорите ќе продолжат и во наредните денови.
Во врска со барањата на ДУИ, Шерекинска рече дека ќе се произнесат по внатрепартиските договори кои ќе ги отпочнат уште вечерва.